Во НБА лигата ноќеска на програмата беа четири натпревари, по кои уште два тима изборија пласман во следната рунда. Тоа се екипите на Бостон кој го елиминира Орландо, односно Индијана која беше подобра од Милвоки.
Супер неизвесно и драматично беше на дуелот во Индијана каде гостите имаа победа во раце, но два пати ја испуштија. Во регуларниот дел на 54 секунди пред крајот, Бакс имаа плус четири, но Халибартон избори продолжение. Во дополнителните пет минути Милвоки имаше и седум разлика на 40 секунди, но до крајот не постигна кош, а Индијана славеше со 119-118.
Тимот од Индианаполис во полуфиналето оди на мегдан на најдобрата екипа во регуларниот дел од сезоната Кливленд.
Бостон Селтикс, исто така, ја завршија работата во 5-тиот натпревар и тоа на на домашен терен. Актуелниот шампион го победи Орландо Меџик со 120:89 за 4:1 во серијата.
Селтикси сега го чекаат исходот од дуелот Њујорк – Детроит во кој Никс имаат предност од 3:2 во победи.