Спектакуларен натпревар одиграа екипите на Барселона и Интер во првата полуфинална пресметка од Лигата на шампионите.

Дуелот на „Монжуик“ во Барселона, ги понуди сите убавини на фудбалот, многу воздшки, возбудувања и шест голови. На крајот немаше победник, а натпреварот заврши 3-3 .

А, се започна уште во првата минута, односно по само 30 секунди игра. Гостите од Милано, преку Французинот, Турам поведоа со 0-1.

Барса, не ја збуни тоа, напротив, тргна уште посилно кон голот на Интер. Притискаа и создаваа шанси домаќините, но не реализираното беше казнето.

Во 21.минута Донарума кој асистираше на првиот го, беше стрелец на ефектен начин за водство на Интер од 0-2.

Тоа уште повеќе како да ги разлути домаќините. Притисна Барса со сите сили. По соло акцијата на Јамал во 24.минута стигна и израмнувањето.

Истиот фудбалер три минути подоцна ја погоди стативата од голот на голманот на Интер, Сомер.

Промашија, Олмо и Педри, но не и Феран Торес кој во 38.минута израмни на 2:2. До крајот на првиот дел се играше постојано пред голот на Интер кој речиси и да не ја мина половината.

Во второто полувреме иста слика. Барселона напаѓаше и создаваше шанси, а Интер постигна гол, а Барса го надополни тоа.

Во 64-тата минута по корнерот од десната страна, најдобро во шеснаесетникот на Барса се снајде Холанѓанецот, Дамфрис кој со својот втор гол му донесе водство на Интер од 2-3.

Но таа предност, на италијанскиот шампион траеше многу кратко. Само две минути подоцна Рафиња со Еврогол го израмни резултатот на 3-3.

Во 75.минута Интер милиметри го делеа од ново водство. Иако Михтаријан ја затресе мрежата на Шчешни, сепак поради минимален офсајд голот не беше признат.

Во 87.минута Јамал повторно немаше среќа бидејќи по втор пат ја погоди рамката од голот на Зомер.

Реванш натпреварот во Милано ќе се игра во вторник на 6 мај.