немилите сцени, по завршувањето на натпреварот., го одбележаа вчерашниот плеј-аут натпревар меѓу Вардар и Шкупи. 

Вистинска улична тепачка се случи, најмалку кога се очекуваше. 

Денеска, со своја реакција се огласија од таборот на чаирчани, а истата ви ја пренесуваме во целост.

На кого му пречи КК ШКУПИ ?
Во Македонија, кошаркарскиот клуб Шкупи се соочува со континуирана неправда. И покрај посветеноста и успехот на теренот, се чини дека некој го попречува растот и јакнењето на овој горд клуб. Трите тимови КК ШКУПИ АД
ЖКК ШКУПИ и КК ШКУПИ трета лига постојано се неправедно казнуваат во сите три категории во кои се натпреваруваат, без никакво фер и разумно оправдување.

Врвот на неправдата се случи на последниот натпревар од Првата лига, каде покрај неправедниот притисок од судиите во текот на целата сезона и катастрофалното судење кое не изостана на натпреварот со против Гостивар нашиот тим беше украден и одземена победата .

Но не завршува тука од напред знаевме дека и на денешниот меч против Вардар ќе имаме исто сценарио но се случи невиден напад на целиот тим на КК Вардар на чело со тренерот Јованчев селектор на репрезентација кој се дрзна со своите играчи и дел тренери да нападнат двајца тренер и службен претставник на КК Шкупи замислете 14 против 2 каде имаше и сцени на брутално насилство. Сето ова се линчување случуваше пред припадници на МВР кој едноставно гледаа без да се обидат да спречат линчување Главниот тренер и играч на екипата на „Вардар“ брутално го нападнаа и го удрија нашиот помошник тренер, Фаик Мифтари. Овој срамен и неприфатлив чин е јасен доказ дека КК ШКУПИ не се соочува само со спортски противници на теренот, туку и со оние зад сцената на нај ниско ниско ниво надвор од него.

Кој го попречува успехот и посветеноста на КК Шкупи?
Зошто неправдите и провокациите се зголемуваат секој пат кога нашиот клуб прави чекори напред?
Наместо спортот да обединува, за жал, гледаме дека огорченоста и тесните интереси се обидуваат да го спречат овој клуб кој ја претставува заедницата и локалниот талент со достоинство и гордост.

Но, КК Шкупи не се откажува. Со поддршката на нашите навивачи и нашата љубов кон играта, ќе продолжиме да се бориме, на теренот и надвор од него, за да ја заштитиме нашата пот, нашата работа и нашите соништа.
Вистината и правдата ќе победат.