Финалната серија од женското одбојкарско првенство за сезоната 2024/2025 ветува вистински последната финална фаза . За титулата ќе се борат актуелниот шампион Работнички и предизвикувач Јанта Волеј, тим кој цел по првата титула.

Работнички влегува во финалето со богато искуство и респектабилна традиција. Тимот на Работнички ќе се обиде да ја освои четвртата титула по ред и вкупно 18-та во клупската историја.

Но, на спротивната страна стои силната екипа на Јанта Волеј, која сезонава веќе покажа дека игра одлична одбојка. Откако го загуби финалето од Купот од тимот на Наковски Волеј, Јанта не отстапува од целта освојување на трофеј. Тимот ќе има и предност на домашен терен, што може да биде клучен фактор во неизвесната финална пресметка.

Серијата ќе се игра во „подобар од пет”, а шампион ќе биде тимот кој прв ќе стигне до три победи. Очекуваме борбени натпревари, неизвесни сетови и вистинска уживање во одбојкарска игра.

Првиот меч е закажан за од 18 часот, а ќе се игра во салата на ОИ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода. Натпреварот може да го гледате низ директен ТВ пренос на МРТ3 (овде).

Кој ќе ја освои титулата, Работнички со својата традиција или Јанта Волеј за нова историја, останува да видиме.