Возбудувањата на македонската одбојкарска сцена влегуваат во кулминација. Денеска во Штип започнува битката за шампионскиот трофеј во машкото првенство со првиот меч од финалето.
Екипата на УГД Штип ќе го пречека актуелниот шампион Струмица.
Ова финале претставува реприза на неколку претходни драматични дуели, но овојпат тимот од Штип влегува со нова енергија и самодоверба. Ова откако штипските одбојкари го освои купот и покажува амбиции за комплетна доминација во сезоната.
УГД Штип, кој сезонава прикажува извонредна форма, ќе има поддршка од домашната публика, што може да биде клучен фактор против искусната и трофејна екипа на Струмица. Од друга страна, струмичани нема да ја предадат титулата лесно. Нивното искуство и долгогодишна доминација ги прават секогаш опасни на теренот.
Финалето се игра максимални пет натпревари, а тимот кој прв ќе стигне три победи ќе стане новиот шампион на Македонија.
Очекувањата од натпреварот ќе се игра во спортската сала „Јордан Мијалков“ од 19 часот, се големи, а љубителите на одбојката нема да сакаат да го пропуштат овој спектакл.
Љубителите на одбојката денешниот натпревар ќе може да го гледаат низ директен ТВ предност на МРТ 3 (овде)





































