Одбојкарите на Струмица со победа од а гостувањето кај Штип УГД ја пола финалната серија во плеј-офот и одбраната на шампионската титула.

Штип УГД важеше за фаворит во пресрет на дуелот, со оглед на тоа дека во последните три меѓусебни соочувања забележаа победи. Но, на теренот во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, ситуацијата беше поинаква. Струмица го доби мечот со 1-3 (по сетови 23:25, 25:22, 19:25, 21:25)

Од самиот старт на средбата се чувствуваше притисокот на домашниот тим во преголемата желбата за позитивно отворање на серијата. Сепак, тоа негативно се одрази на избраниците на Кристијан Ристески. На спротивната страна Струмица беше достојна на шампионската традиција, предводена од најискусниот Владо Милев, знаеше што сака.

Во редовите на Струмица најрасположени беа Кинтеро со 16, Нилсен со 15 и Милев со 13 поени. Кај Штип УГД, Задмард освои 15 поени, Арсов имаше 10, додека Багаев 8 поени.

Вториот натпревар е закажан за в понеделник, од 19 часот, во салата „Парк“ во Струмица.