Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија (до 18 години), ги дозна противниците во квалификациите за ЕП 2026 во Србија.
Македонските ракометни надежи ќе играат во Д групата во која за противници ќе имаат врсниците од: Грција, Финска и Луксембург.
Домаќините на турнирите ќе бидат дополнително одредени, откако денеска само беше утврден редоследот на право на пријавување на организацијата. Право на организација редоследно добија: Финска, Луксембург, Грција, па Македонија.
Квалификациите ќе се играат од 31 октомври до 2 ноември, а пласман на на првенството ќе обезбедат двете првопласирани селекции од сите групи.
Европскиот ракомете кадетски шампинат ќе се одржи од 8 до 17 јули 2026 година во Србија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025, КАДЕТИ:
Фрупа А: Италија, Романија, Турција, Косово
Група Б: Полска, Швајцарија, Летонија, Кипар
Група Ц: Црна Гора, Украина, Словачка, Холандија
Група Д: МАКЕДОНИЈА, Грција, Финска, Луксембург
Група Е: Чешка, Израел, Литванија, Естонија




































