Четири екипи, сите со ист мотив и желба, да се освои трофејот во Купот на Македонија. Секоја од нив до остварување на целта, ја делат само уште два натпревари.
Денеска на програмата се реванш полуфиналните натпреварите, во кои, Вардар и Струга Т.Л. ќе влезат со предност во дуелите со Шкендија и АП Брера.
Вардарци се на чекор до ново клупско финале. Тие во Струмица отпатуваа со три гола предност по првиот меч во Скопје што го добија со 3-0.
Во Струга, актуелниот шампион Трим Лум ќе ја брани предноста од еден гол остварена во Тетово, каде со пресврт ја победи Шкендија со 2-1.
Денешните натпревари ќе почнат од 16 часот, а може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Финалето на програмата е на 21 мај (од 17 часот), а ние Ве прашуваме ….




































