Фудбалерите на Болоња на домашен терен го победија Интер со 1:0 во натпреварот од 33.коло на Серија А.
Голем проблем zа „неро-аѕурите“ во трката за шампионската титула им зададе Болоња со победа во последните моменти од мечот.
На гостите од Милано на овој меч им пресуди резервистот Рикардо Орсолини со исклучително атрактивен гол. Се играче четвртата минута од судиското дополнение кога Орсолини со „ножички“ ја погоди мрежата на Зомер.
На овој пораз секако се радуваат фудбалерите на Наполи кои иако се второ пласирани имаат ист број на подови (71) како и водечкиот Интер.
Во следното коло Интер ја пречекува Рома, а Наполи го игра градското дерби против Торино.





































