Одбојкарките на работнички и Наковски волеј попладнево ќе го играат решавачкиот трет натпревар од полуфиналето на плеј-офот.
Откако двата тима ги добија натпреварите на домашен терен, полуфиналната серија е израмнета на 1:1 во победи.
Така попладневната мајсторка ќе решава дали актуелниот шампион Работнички или победникот во Купот, Наковски волеј ќе биде вториот финалист.
Исходот од овој меч што ќе почне од 17 часот, го чека екипата на Јанта волеј која во два натпревари беше подобра од Фит Фан волеј.