Единствениот македонски преостанат претставник на европската ракометна сцена, Алкалоид во недела ја чека нов предизвик. 

Норвешкиот тим на Рунар е пречката за пласман во финалето. 

Капитенот Игор Ѓоргиев смета дека со поддршка од публиката Алкалоид би можел да направи уште еден историски исчекор. 

Нé очекува натпреварот со огромно значење, прво европско полуфинале. Тоа е голем момент како за Алкалоид, така и за македонскиот ракомет. ?

Како екипа горди сме  што успеавме да се пласираме во оваа европско полуфинале и да се бориме за финале. 

Нé очекуван натпревар со екипата на Рунар која е склоп на искуство и млади играчи, кои во текот на целите шеесет минути играат типичен скандинавски ракомет. 

Сепак првиот натпревар го играме пред домашната публика и се надевам дека со нива поддршка можеме да оствариме добар резултат“, изјави Ѓоргиев. 

Натпреварот, Алкалоид – Рунар што ќе се игра во Автокоманда во недела ќе почне од 19 часот, со ТВ пренос на МРТ.