Фудбалската селекција на Македонија до 18 години, го одигра првиот од двата контролни натпревари со врсниците од Словачка.

На натпреварот одигран попладнево на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, немаше победник. Двете селекции постигнаа по еден гол, па кончениот резултат гласеше 1-1.

Головите беа постигнати во второто полувреме, а први поведоа гостите во 54-тата минута. Израмнувањето дојде во 77,минута кога Али реализира пенал.

Вториот тест натпревар на програмата е на 17 април (четврток) со почеток во 13 часот.