Екипата на Интер победи против Каљари на „Сан Сиро“ во 32. коло од Серија А. Ова му донесе на Интер, барем привремено, шест бода предност пред Наполи на првото место.
Интер поведе уште во 13.минутаи тоа од првата шанса, а стрелец беше Марко Арнаутовиќ, за неговиот четврти гол сезонава во првенството.
Арнаутовиќ во 26.минута беше асистент на Лаутаро Мартинез, кој рутински зголеми на 2-0
На стартот од второто полувреме г(48 минута) остите намалија. По центаршутот на Томазо Аугели со глава топката во мрежата ја смести Роберто Пиколи. Само седум минути подоцна, Интер се врати на два гола предност, а Јан Бисек беше стрелец на голот за конелни 3-1.
Интер кој е прв на табелата, сега има 71 бод, шест повеќе од Наполи кој во понеделник ќе игра против Емполи.





































