Откако минатиот викенд во Радовиш беа поделени првите пехари во сезоната, сега следи разигрувањето за шампионската титула во одбојкарски лиги.
Полуфиналето на плеј-офот стартува попладнево со два натпревари.
Освојувачот на купот во машка конкуренција, Штип УГД ќе игра против Универзитет во Тетово. Натпреварот во Штип ќе почне во 19 часот. Штипскиот состав е апсолутен фаворит, со оглед дека доминираше во меѓусебните дуели во регуларниот дел.
Во терминот од 20.30 часот во салата „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје својот прв натпревар ќе го играат Јанта Волеј и Фит Фан Волеј. Одбојкарките на Јанта Волеј имаат четири победи над градскиот ривал, а единствено во првиот дуел од загубија еден сет.
За утре закажани се другите два натпревари.
Кај мажите играат актуелниот шампион Струмица ќе игра против Борец, кого го совлада со убедливи 3-0 во полуфиналето на купот пред една недела.
Бранителот на трофејот кај дамите Работнички Скопје за место во финалето ќе се бори со Наковски волеј, тим кој го освои куп трофејот. Овој натпревар ќе се игра утре од 18 часот.
Полуфиналето на плеј-офот се игра во два добиени натпревари (дома – гости). Финалната серија која се игра во три добиени.





































