Тимот на Интер Мајами обезбеди пласман во полуфиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампиони.
Предводени од Лионел Меси фудбалерите од Флорида го совлада Лос Анџелес со 3-1 во реванш четвртфиналниот дуел.
Екипата од Калифорнија кој го доби првиот меч (0-1), веќе во деветтата минута поведе со 0-1 и ја удвои предноста.
Тоа како дополнително да ги разлути Меси и соиграчите, па Интер Мајами во продолжението доминираше.
Аргентинецот постигна три гола, но првиот во 31минута, беше поништен по прегледување на ВАР снимката. Затоа оној во 35-тата минута беше регуларен за израмнување.
Во вториот дел (61.миута) Аргентинецот му асистираше на Ален за водство од 2-1. Во 86-тата минута беше досуден пенал за домашниот тим, а Меси рутинирано го реализира за 3-1 и победа на Интер Мајами.
Тимот од Флорида во полуфиналето за противник ќе го има канадскиот Ванкурер.





































