Останаа само уште осим екипи што ќе се борат за трофејот во фудбалската Лига на шампиони. Денеска и утре стартуваат првите дуело од четвртфиналната рунда.

Осумте тима се со иста цел, во мај месец да играат во финалето на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Секако сите имаат мотив за тоа, но се чини најголем има Баерн. Германскиот тим сака да ги израдува своите навивачи на домашен терен. Но покрај Баварците, со мотив повеќе е и Реал, кој сака да го освои трофејот.

Никако не смеат да се изостават италијанскиот шампион Интер и шпанската Барселона која игра фантастично сезонава. Сметките ќе сакаат да им ги помрсат францускиот ПСЖ и англиски тим на Арсенал.

Тука некаде се заокружува и списокот на фаворити, но свои „математики“ имаат и останатите два, Борусија Дортмунд и Астон Вила.

КОЈ Е ВАШИОТ ФАВОРИТ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТРОФЕЈОТ!?

ANKETA | УЕФА ЛИГА ШАМПИОНИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА