Кошаркарите на Тиквеш забележаа важна победа над шампионот МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен во „Јане Сандански“.
Во натпревар од последното коло на регуларното дел, Тиквеш славеше со 75-80, со што ги одржа надежите за пласман во плеј-офот.
Сепак тоа ќе зависи од утрешниот натпревар меѓу Шкупи и Феникс. Кавадарчани ќе навиваат за чаирчани, бидејќи само така можат меѓу осумте најдобри. Победа на Феникс би значело и пласман на скопската екипа во плеј-офот, а Тиквеш би разликувал за опстанок.
Попладнево се играат уште два натпревари и тоа дербито ТФТ – Пелистер и Чаир – Гостивар.
За утре, покрај натпреварот Чаир – Феникс, закажана и и средбата Работнички – Кожув.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
Дури тогаш ќе се знае и конечниот пласман во регуларниот дел од сезоната, како и двојките за првата (четврт-финална) рунда од плеј-офот. Во неа МЗТ Скопје, без разлика на денешниот пораз ќе стартува од првата позиција.




































