Осум екипи, во машка и женска конкуренција, ќе се борат за пехарите во одбојкарскиот Куп на Макеоднија.
Од денеска до сабота, по вторпат финалниот турнир ќе се одржи во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.
Тридневната куп-програма стартува на денеска со полуфиналните дуели во машка конкуренција. Бранителот на пехарот Штип УГД во првото полуфинале од 16 часот ќе се соочи со Работнички. Актуелниот шампион и минатогодишен финалист Струмица во мечот од 19 часот важи за фаворит против велешки Борец.
Женските полуфинални дуели ќе се играат утре (петок). Наковски Волеј и Фит Фан Волеј се првата полуфинална двојка, а во второто полуфинале ќе се сретнат шампонот Работнички и Јанта Волеј. Минатогодишниот освојувач на трофејот кај дамите екипата на Струмица беше елиминирана во осминафиналето.
В сабота (5 април) на програмата се финалните натпревари. Од 16 часот ќе играат дамите, а од 19 часот мажите.
Сите натпревари од финалниот турнир од Купот на ОФМ ќе имаат директен пренос на националниот сервис (МРТ).
ОДБОЈКАРСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА 2025
ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ, ЧЕТВРТОК (03.04.2025)
16.00 ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ
19.00 СТРУМИЦА 47&72 – БОРЕЦ
ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ, ПЕТОК (04.04.2025)
17.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ
20.00 РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ
САБОТА (05.04.2025)
16.00 ФИНАЛЕ ЖЕНИ
19.00 ФИНАЛЕ МАЖИ



































