Одамна е јасно дека Перо Антиќ ќе си замине од функцијата Претседател на Македонската Кошаркарската федерација (МКФ).
Ако кон средината на декември минатата година, го „преживеа“ првиот „пуч“, овојпат тоа сигурно нема да се случи. Имено Младен Ѓуровски денеска поднесе иницијатива за свикување на Вонредно Изборно собрание на федерацијата.
Сега Антиќ го нема „џокерот“ во рака, за „гарантиран двогодишен мандат“ бидејќи тој период измина. Во декември 39 членови од вкупно 46 колку имаа право на глас, јасно ставија до знаење, дека сакаат промени. Според информациите, сега таа бројка ќе биде поголема.
Според Статутот на федерацијата, Антиќ е должен во рок од 14 дена да свика Собрание, а во спротивно, подносителот може тоа да го направи.