Кошаркарите на Маџари ја впишаа седната победа во низа, во вториот дел од сезоната во второлигашката конкуренција.
Во натпреварот од 18.коло, одигран на гостински терен, Маџари со 101-82 го совлада младиот тим на Водно Санс.
Гостите подобро го почнаа натпреварот и во третата минута поведоа со 6-11. Следеше одговор на Водно со серија од 11-0 за водство од 17-11. Низата на домаќинот ја прекина Нацевски и Митков со тројки за 17-17. Водно го доби периодот со 25-23. Ја одржуваа предноста домашните кошаркари се до 17-тата минута, по што Маџари ја презеде контролата. На одмор гостите заминаа со седум позитива 40-47.
По не цели три минути игра во третата четвртина, за видовме и првата двоцифрена разлика. Маџари поведе со 44-54. Тука веќе дојде до израз и поголемото искуство на гостинскиот тим кој во 24.минута имаше и +17 (48-65). се натаму беа само обиди на домаќинот, да фати каков таков приклучок, но безуспешно.
Со оваа победа, Маџари изби на првото место на табелата со бод повеќе од Соколи кој претходно си ја заврши обврската од оваа рунда.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 18.КОЛО
Понеделник / 24 март
19.30 ВОДНО САНС – МАЏАРИ
Вторник / 25 март
15.00 ЦРН ДРИМ – МЕГА БАСКЕТ
Среда / 26 март
12.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – ОХРИД
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ
Претходно одиграни
СОКОЛИ – СТРУМИЦА ФМП 80-53
БУТЕЛ – БОРЕЦ БАСКЕТ 73-56
ТАБЕЛА: Маџари 31 бодови (+1 натпревар повеќе), Соколи 32 (+1), Ангели 31, Бутел 27 (+1), Црн Дрим 27, Борец баскет 27 (+1), МЗТ Скопје У.Б. 26, Водно Санс 24 (+1), Охрид 23, Мега баскет 23, Струмица ФМП 22, (+1) Работнички 2018 19.