Македонскиот претставник во Европскиот куп, Алкалоид одигра нерешено во првиот натпревар од четвртфиналето во Романија против Баја Маре со 31:31 (15:19).
Почетокот на дуелот стартуваше со минимална предност на македонскиот претставник и водство од 1:0 и 2:1, но домаќинот по 5:5 успеа да направи серија од 4-1 за предност од 9:6 (три разлика), која најчесто ја имаше до крајот на првиот дел. На крајот на првиот дел беше 19:15 или највисоки четири разлика за Баја Маре.
На почетокот на вториот дел домашниот тим ги имаше и највисоките +5 во два наврати (20:15 и 21:16). Но, потоа следуваа миниутите на Алкалоид и македонскиот тим направи серија од 7-2 за изедначување од 23:23, а по 24:24 избраниците на Кирил Лазаров имаа уште една серија од 3-0 за водство од 27:24. Сепак домашата екипа успеа да стигне до изедначување од 27:27.
Во последните минити со головите на Џонов и на Петров, Алкалоид повторно стигна до два разлика (31:29), но домашниот тим стигна до нерешениот резултат, откако Козакевич реализраше седмерец во последната секунда од натпреварот.
Најефикасни кај Алкалоид беа Серафимов и Петковски со по 7 голови.
Реванш натпреварот се игра следната недела 30.март во салата Автокоманда во Скопје со почеток во 19 часот. Натпреварот почна со минута молк за настраданите во несреќата во Кочани.
 
             
		