Нов натпревар за машката ракометна репрезентација на Македонија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2026. Македонските ракометари во Копер гостуваат кај Словенија, која во средата во Скопје оствари победа од 32:26. Домаќинот е фаворит и на овој натпревар, а за избраниците на македонскиот селектор Кирил Лазаров останува мотивот да се прикажат во добра светло, односно да успеа перфектните 20 минути од првиот натпревар да ги повторат односно и да одиграат што е можно подолго на тоа ниво.
Ново име во составот на гостувањето во Копер ќе биде Аларов, кој дополнително беше повикан.
За Македонија овој натпревар треба да биде прилика за да се одигра на високо ниво, во пресрет на последните два дуела од групата 1 кога противници ќе ни бидат Естонија на гости и Литванија на домашен терен. Овие натпревар на програмата се во мај. Тогаш и ќе се решава за пласманот во групата каде Словенија најверјатно ќе го освои првото место.
За македонска репрезентација останува борбата за второто место во групата, но ќе бидат потребни две победи во последните две кола. Словенија е прва со 6 бодови, Литванија има 4, а Македонија е трета со 2 бода, додека Естонија е без бод.
Според најавите на домаќинот натпреварот ќе се игра пред полна сала, а голема поддршка се очекува да имаат и македонските ракометари.
Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот.