Комплетирани се паровите за четвефиналето во второто и трето по квалитет европски клупски натпреварувања на УЕФА.
Во Европа лигата, Англија ќе има два претставници во Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Во ТОП-8, остана и шпанскиот Атлетик Билбао и италијанскиот Лацио, како и францускиот Олимпик Лион. Тоа од прилика се фаворитите за освојување на трофејот.
ЛИГА ЕВРОПА 1/4-ФИНАЛЕ
ЛИОН – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
ТОТЕНХЕМ – АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ
БОДО/ГЛИМТ – ЛАЦИО
РЕНЏЕРС – АТЛЕТИК БИЛБАО
Во Конференциската лига, Дарко Чурлинов ќе биде единствениот македонски претставник. Тој со својата екипа Јагјелонија за место во полуфиналето ќе се борат со шпанскиот Бетис.
Од оние кои остана во трка за трофејот, како главни фаворити се издвојуваат Челзи и Фиорентина.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 1/4-ФИНАЛЕ
БЕТИС – ЈАГЈЕЛОНИЈА
ЦЕЛЈЕ – ФИОРЕНТИНА
ЧЕЛЗИ – ЛЕГИЈА
ЃУРГАРДЕН – РАПИД ВИЕНА
Дуелите од четвртфиналето во двете натпреварувања ќе се играат на 10 и 17 април.