Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), денеска го објави санкциите по одиграните викенд кола во Првата и Втората лига. 

Иако првичната информација беше дека тренерот на Силекс, Александар Васоски ќе паузира еден месец, сепак тоа не е случај. Васоски нема да го предводи кратовскиот тим само на еден натпревар, одлучија дисциплинците. Тоа значи дека Силекс само на гостувањето ка АП Брера ќе биде без својот прв тренер.

Затоа пак тренерите на Башкими и Осогово ќе „одморат“ на два натпревари. Водено поведени се постапки против  Вардар и Башкими за фрлање на пиротехнички средства.

Дисциплинската комисија одреди суспензија од еден натпревар за: Илија Донев (ФК Силекс), Бесмир Даци (ФК Шкупи), Константин Чешмеџиев (ФК Гостивар), Александар Васовски (шеф на стручен штаб на ФК Силекс);

Дисциплинската комисија одреди суспензија од два натпревари за: Мартин Ѓоргиевски (ФК Брера А.П.), Блаже Јанакиевски (шеф на стручен штаб на ФК Башкими) и Љупчо Симовски (тренер на ФК Осогово);

Дисциплинската комисија поведува постапка за ФК Башкими поради користење и фрлање во терен пиротехнички средства на натпреварот ФК Башкими – ФК Охрид Лихнидос;

Дисциплинската комисија поведува постапка за ФК Вардар поради користење на пиротехнички средства од страна на навивачите на натпреварот ФК Силекс – ФК Вардар;

Прволигашите утре и во сабота ќе ги играат натпреварите од 24-тото, а второлигашите во недела од 21-то коло.