Вечерва ќе ги дознаеме првите четири екипи што ќе се пласираат во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони. Денеска и утре на програмата се реванш осминафиналните дуели, по кои ќе останат ТОП осумте во елитното натпреварување.
Таму веќе може да ги сместиме минхенски Баерн и пред се Арсенал, тимови кои остварија убедливи победи на првите натпревари. Помалку или повеќе со огромни шанси за четвртфинале се и Интер и Астон Вила кои реваншите ќе ги полнат со два гола предност. Затоа на останатите дуели ќе биде исклучително неизвесно.
Денеска вниманието ќе биде насочено кон Барселона и Ливерпул. Таму домашните екипи ќе почнат со гол предност во дуелите со Бенфика и ПСЖ. Но, имајќи во предвид дека португалскиот и францускиот тим на првите натпревари пропуштија многу шанси, па дури и за победи, вечерва ќе биде исклучително интересно.
Во Милано, италијанскиот првак Интер влегува со два гола предност против Феенорд по гостувањето во Холандија. Затоа пак во германската пресметка, актуелниот првак Баер во Леверкузен е пред невозможна мисија. Популарните „фармацевти“ ќе треба да надополнат три гола по мечот во Минхен каде загубија од Баерн.
Останатите четири натпревари ќе се играат утре.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ РЕВАНШ
(вторник 11 март)
18.45 БАРСЕЛОНА – БЕНФИКА (1-0 прв натпревар)
21.00 ЛИВЕРПУЛ – ПСЖ (1-0)
21.00 ИНТЕР – ФЕЕНОРД (2-0)
21.00 БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – БАЕРН МИНХЕН (0-3)
(среда 12 март)
18.45 ЛИЛ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД (1-1 прв натпревар)
21.00 АТЛЕТИКО МАДРИД – РЕАЛ МАДРИД (1-2)
21.00 АСТОН ВИЛА – КЛУБ БРИЖ (3-1)
21.00 AРСЕНАЛ – ПСВ (7-1)