Италијанскиот шампион Интер и германскиот вицепрвак Баерн Минхен го формираа првиот пар за четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Ова откако двата тима и по втор пат во осминафиналето беа подобри од своите противници.

Во Милано вечерва, Интер го совлада Феенорд со 2-1, откако првиот меч во Холандија го доби со 2-0. Турам (8.минута) и Чанханоглу (51) од пенал беа стрелците на головите за Интер. Пенал на спротивната страна за Феенорд реализира Модер (42).

Германската пресметка Баерн ја доби со првакот Баер и во Леверкузен. По минхенските 3-0, вечерва Баварците славеа со 2-0. Стрелци на головите беа, Хари Кејн (52.минута) и Дејвис (71).

Пласман во четвртфиналето претходно (денеска) обезбеди и Барселона со втората победа над Бенфика.

Четвртиот патник денеска ќе го дадат екипите на Ливерпул и ПСЖ, кои на „Енфилд“ играат продолжение. Ова откако по регуларните 90-монути ПСЖ го доби дуелот со 1-0, идентично како и Ливерпул во Париз.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ РЕВАНШ

(вторник 11 март)
ЛИВЕРПУЛ – ПСЖ се играат продолженија 0-1 (1-0 прв натпревар)
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – БАЕРН МИНХЕН 0-2 (0-3)
ИНТЕР – ФЕЕНОРД 2-1 (2-0)
БАРСЕЛОНА – БЕНФИКА 3-1 (1-0)
(среда 12 март)
18.45 ЛИЛ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД (1-1 прв натпревар)
21.00 АТЛЕТИКО МАДРИД – РЕАЛ МАДРИД (1-2)
21.00 АСТОН ВИЛА – КЛУБ БРИЖ (3-1)
21.00 AРСЕНАЛ – ПСВ (7-1)

1/4-ФИНАЛЕ

БАЕРН МИНХЕН – ИНТЕР
БАРСЕЛОНА – Лил / Борусија Дортмунд
Ливерпул / ПСЖ – Астон Вила / Клуб Бриж
Арсенал / ПСВ – Атлетико Мадрид / Реал Мадрид