Екипата на Барселона е првата што обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Шпанската екипа и по втор пат во осминафиналето беше подобра од португалската Бенфика. По гостинската победа во Лисабон, со 1-0, вечерва пред своите навивачи Барса славеше со 3-1.

Двоен стрелец беше Рафиња кој сега има 11 годлови и е најефикасниот во елитното натпреварување. Во меѓувреме прекрасен гол постигна и Ламин Јамал. Стрелец на голот за Бенфика беше Отаменди

Барселона сега ќе го чека исходот од утрепниот натпревар меѓу Лил и Борусија. Првиот меч во Дортмунд заврши без победник 1-1.

Вечерва (21 часот) на програмата се уште три натпревари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ РЕВАНШ

(вторник 11 март)
ЛИВЕРПУЛ – ПСЖ (1-0)
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – БАЕРН МИНХЕН (0-3)
ИНТЕР – ФЕЕНОРД (2-0)
БАРСЕЛОНА – БЕНФИКА __ (1-0 прв натпревар)
(среда 12 март)
18.45 ЛИЛ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД (1-1 прв натпревар)
21.00 АТЛЕТИКО МАДРИД – РЕАЛ МАДРИД (1-2)
21.00 АСТОН ВИЛА – КЛУБ БРИЖ (3-1)
21.00 AРСЕНАЛ – ПСВ (7-1)