Пет од шест натпревари од 17.коло во Втората кошаркарска лига завршија со победи на домашните екипи.

Откако вчера пред своите навивачи славеа Маџари и Ангели, денеска тоа го сторија Охрид, Борец баскет и Струмица ФМП.

Велешани ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со најслабиот тим во оваа конкуренција Работнички 2018. Во Струмица тимот на ФМП кој е претпоследен на табелата славеше убедливо над четврто пласираниот Црн Дрим. Екипата на Охрид го прекина победничкиот низа на „Сонцата“ од Водно и остана во игра за плејофот.

Честа на гостите вчера ја спаси Бутел кој во Прилеп го совлада Мега баскет.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 17.КОЛО

Недела / 9 март
БОРЕЦ БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ 2018 85-50
СТРУМИЦА ФМП – ЦРН ДРИМ 77-74
ОХРИД – ВОДНО САНС 83-73
Сабота / 8 март
АНГЕЛИ – СОКОЛИ 95-67
МАЏАРИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 92-91
МЕГА БАСКЕТ – БУТЕЛ 69-80

ТАБЕЛА: Ангели 31 бодови, Маџари 31, Соколи 30, Црн Дрим 27, Борец баскет 26, МЗТ Скопје У.Б. 26, Бутел 25, Охрид 23, Водно Санс 23, Мега баскет 23, Струмица ФМП 21, Работнички 2018 19.