Во второлигашката машка кошаркарска конкуренција се одиграа половина од натпреварите од 17-тото коло.
Иако требаше да биде дерби, дуелот меѓу Ангели и штипските Соколи заврши со убедлива победа на домаќините. Натпреварот мина во комплетна доминација на избраниците на Игор Гацов кои на крајот славеа со убедливи 28 поени разлика.
Екипата на Маџари која важеше за апсолутен фаворит против МЗТ Скопје УБ, тешко стигна до победата. Младите аеродромци одиграа над очекуваното, погодена 12 тројки и беа блиску до победата. Сепак искуството на тимот предводен од Мишо Тодоровиќ на крајот пресуди, па Маџари натпреварот го заврши со поен предност.
Важна победа на гостински терен во Прилеп оствари екипата на Бутел која славеше над Мега баскет.
Денеска се играат преостанатите три натпревари. Најинтересно се очекува да боде во Охрид каде гостува Водно Санс, тим кој во вториот дел од сезоната не знае за пораз.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 17.КОЛО
Сабота / 8 март
АНГЕЛИ – СОКОЛИ 95-67
МАЏАРИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 92-91
МЕГА БАСКЕТ – БУТЕЛ 69-80
Недела / 9 март
16.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ 2018
13.00 СТРУМИЦА ФМП – ЦРН ДРИМ
17.00 ОХРИД – ВОДНО САНС
ТАБЕЛА: Ангели 31 бодови, Маџари 31, Соколи 30, Црн Дрим 26, МЗТ Скопје У.Б. 26, Бутел 25, Борец баскет 24, Мега баскет 23, Водно Санс 22, Охрид 21, Струмица ФМП 19, Работнички 2018 18.