Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски настапот во финалето во дисциплината скок во далечина на Европското првенство во сала во Апелдром, Холандија го заврши на осмото место.

Трајковски вчера во квалификациите успеа да се избори за настап во финалето со скок од 7.85 метри (односно имаше два скока со иста должина).

Во денешното финале најдолгиот скок од 7.65 метри го имаше во третата серија, додека во првата имаше скок со должина од 7.59 метри, а во четвртата серија имаше 7.63 метри. Во другите три скокови македонскиот атлетичар имаше престапи.

Инаку златниот медал му припадна на Божидар Сарабојков од Бугарија кој имаше скок со должина од 8.13 метри (во последната серија). Среброто му припадна на Матиа Фурлани од Италија со скок од 8.12 метри (подобра серија 8.10 метри), а истата должина ја имаше и Шпанецот Лестер Лескај, но само тој скок му беше успешен и на крајот заврши на третото место.

Трајковски беше единствениот македонски претставник на Европското првенство во Холандија.