Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја заврши сезонава во Лигата на шампоните и на последниот дуел вечерва во Битола на домашен терен загубија од францускиот првак ПСЖ со 35:26, полувреме 18:13 за гостите. Битолчани така завршија на седмото место на табелата со осум бодови, со три победи и два нерешени дуела и 9 порази.

На денешниот дуел гостите од Франција имаа одличен почеток и поведоа со 7:3. Е.Пелистер резултатски се доближи во неколку наврати на еден негатива – 10:11 и 12:13, но гостите повторно го кренаа нивото за 18:13 на полувреме.

Во вториот дел ПСЖ ја зголемуваше предноста и на половина од вториот дел (45.минута) имаа предност од +8 (27:19), до крајот на натпреварот гостите од Париз ја задржаа убедливата предност.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 7 голови, а на дуелот најдобар стрелец беше Елохим Пранди со 8 голови.