Со одигрување на денешните натпревари од 22.коло, комплетирана е втората од трите етапи во Првата македонска фудбалска лига.

Дерби дуелот се одигра во Струга каде актуелниот шампион ја надигра водечката Шкендија со 3-0.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Стрелци на два два гола за стружани беше Радиќ во 51-вата и 68.минута, а вториот на ефектен налин го постигна Радевски во 62-та минута.

Поразот на тетовци, од нивните конкуренти за титулата најмногу го искористи кратовски Силекс.

Во Гостивар, екипата на Силекс славеше над Беса со убедливи 5-0.

Гостите од Кратово поведоа уште во третата минута со голот на Босанецот, Алиќ. Веќе во 30.минута предноста беше удвоена, а стрелец беше Ѓорѓиевски. На трет гол гостите се радуваа во 37.минута кога Хрвановиќ ја претрча домашната одбран и погоди на ефектен начин. Во вториот дел односно 50.минута, интернационалецот од Гамбија, Усман зголеми на 4-0 за Силекс. Само седум минути подоцна (57) и Донов се запиша во листата на стрелци за 5-0.

Градското дерби меѓу Работнички и Вардар се одигра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, а на победа се радуваа вардарци со 0-2.

Во 35.минута беше досудена најстрога казна за вардарци, но Омерагиќ шутираше во стилот на Рамос, за малку над трибините на стадионот. Само минута минути подоцна (36), поклонот од капитенот на Работнички, Белица го искористи Едиз Спахију за водство на Вардар од 0-1. Тој резултат беше актуелен се до самиот финиш, односно 89.минута кога Мато искористи уште еден „кикс“ на домашната одбрана.

Во Битола, Пелистер со голот на Бошковски во 65.минута ја победи Воска Спорт со 1-0.

По еден гол и тоа во последните минути беа постигнати на натпреварите во Струмица и Кавадарци. АП Брера загуби од Гостивар, а Тиквеш го победи Шкупи со голот на Садики (90+2).

Сите голови од денешните натпревари може да ги видите овде.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА