Во второлигашката македонска фудбалска конкуренција попладнево беа одиграни натпреварите од 19-тото коло.
Водечкиот квартет стигнба до трите бодови, додека екипата на Саса Каменица кој во саботата ја победи Брегалница, денеска „киксна“. На гостиувањето во Велес кај Борец, тимот од Македонска Каменица загуби со 2-1.
Лидерот Македонија Ѓорче Петров немаше проблеми и убедливо со 4-0 го порази Новаци. Брегалница и Арсими на домашен терен се радуваа на победи против Вардарски и Победа. Гостински триумф кај Беласица славеше второ пласираниот Башкими.
По оваа рунда нема промени на првите пет позиции на табелата, а бодовната разлика меѓу водечките четири екипи останува иста.
ВТОРА ЛИГА – 19 КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП – НОВАЦИ 4-0
БЕЛАСИЦА – БАШКИМИ 1-2
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАРСКИ 2-0
АРСИМИ – ПОБЕДА 1-0
ОХРИД – ВАРДАР Н. 1-0
БОРЕЦ – КАМЕНИЦА САСА 2-1
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ОСОГОВО 0-1
КОЖУФ – СКОПЈЕ 0-1
ТАБЕЛА:
1. МАКЕДОНИЈА ЃП 44
2. БАШКИМИ 42
3. БРЕГАЛНИЦА 39
4. АРСИМИ 35
5. КАМЕНИЦА САСА 31
6. ОХРИД