Фудбалерите на Астон Вила остварија два гола предност ви првиот осминафинален дуел со Бриж во Лигата на шампионите. Англискиот тим со два брзи гола во финишот славеше со 1-3.
Дуелот одигран во Белгија, започна одлично за гостите. Астон Вила веќе во третата минута поведе со 0-1 со голот на Јамајчанецот, Леон Бејли.
Но не мина долго за домашниот тим да ја анулира негативата. Се играше 12-тата минута кога Максим Де Кујпер погоди за израмнување на 1-1. Тој резултат беше актуелен со до 83-тата минута. Тогаш „несреќниот“ Брендон Мекеле си постигна автогол за 1-2, а три минути подоцна Асенсио од пенал ги стигна конечните 1-3.
Така Астон Вила во реваншот пред својата публика закажан за во среда (12 март) ќе почне со два гола предност.
Вечерва од 21 часот ќе се играат уште три, а останатите четири натпревари на програмата се утре.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ
Вторник (4 март)
РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЛИЛ
ПСВ – АРСЕНАЛ
КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА 1-3
Среда (5 март)
ФЕЕНОРД – ИНТЕР од 18:45 часот
ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ од 21:00 часот
БАЕРН МИНХЕН – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА