Дерби дуелот од Втората машка кошаркарска лига го добија кошаркарите на Маџари кои сега се први на табелата.
На натпреварот одигран во Штип, скопската екипа го совлада домашниот тим на Соколи со 77-73.
По израмнетите четири минути, домашниот тим на Соколи со две серии во 9.минута имаше двоцифрена предност 27-16, а а крајот на четвртината беше +8 (27-18). Во вториот период домашниот тим постојано го одржуваше резултатот во своја полза. Маџари во 18.минута дојде до два негатива, но штипјани на одмор заминаа со +6 (42-36).
Третата четвртина со мал број на поени, минимално ја добија скопјани. Затоа во последната Соколи влегоа со пет поени предност (59-54). Но и таа предност се стопи по нецели три минути игра, па Маџари во 33-тата поведе со 62-64. Во 62.секунди се влезе со нерешени 73-73. Домашниот тим не реализира напад за водство, а на спротивната страна Митков погоди за 73-75 за Маџари. Нападот за израмнување „соколите“ не го искористија, а Димчевски со реализираните слободни фрлања му донесе победа на Маџари.
За штипјани ова беше само трет пораз сезонава. Но доколу двата тима се судрат во плеј-офот штипјани ќе ја имаат предноста на домашниот терен. Ова поради повисоката победа во првиот меч во Скопје, кој Соколи го добија со 15 поени разлика.
Во првиот денешен натпревар во Струга, Црн Дрим славеше над Бутел. Вечерва се игра и дуелот Работнички 2018 – Мега баскет, а останатите три на програмата се утре.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 16.КОЛО
Сабота – 1 март
СОКОЛИ – МАЏАРИ 73-77
ЦРН ДРИМ – БУТЕЛ 82-78
19.30 РАБОТНИЧКИ 2018 – МЕГА БАСКЕТ
Недела – 2 март
13.00 СТРУМИЦА ФМП – АНЕЛИ
16.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ОХРИД
17.00 ВОДНО САНС – БОРЕЦ БАСКЕТ
ТАБЕЛА: Маџари 29 бодови, Соколи 29, Ангели 27, Црн Дрим 26, Борец баскет 24, МЗТ Скопје У.Б. 23, Бутел 23, Охрид 20, Мега баскет 20, Водно Санс 20, Струмица ФМП 18. Работнички 2018 17.