Екипата на Феникс впиша нова победа во Првата машка кошаркарска лига. Во воведниот натпревар од 18.коло го совлада МКК Куманово со 84-75, дуел во кој победникот беше решен во последната четвртина.
Во првиот дел гостите од Куманово беа подобар противник. Ги добија двата период имаа и најголеми +10, а на одмор за со седум поени предност 44-51.
На стартот на второто полувреме, Куманово победа со 44-53, по што следувале серија од 9-0 за домаќините и израмнување на резултатот 53-53. Со израмнет резултат 67-67 се влезе во последниот квартал. Во, него за седум минути игра гостите постигнаа само два поени, а вкупно 8 во целиот квартал. па Феникс направи двоцифрена предност. Тоа се покажа и како решавачки момент за конечниот епилог и победа на домашниот тим со 84-75.
Во победничката екипа четворица играчи завршија со двоцифрен број на поени, од кои тројца со по 19. Со оваа победа Феникс засега се проби на седмото место на табелата со 27 бодови колку преднего имаат Работнички, Кожув и Пелистер. Тимор на Чаир заостанува еден бод.
Покрај овој натпревар денеска на програмата се уште три дуели, а сите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 18 коло
Сабота 1 март
12.00 ФЕНИКС – МКК КУМАНОВО
17.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – ВАРДАР
19.00 ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
20.30 ЧАИР – ТФТ
Недела 2 март
18.00 РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Понеделник 3 март
18.00 КОЖУВ – ГОСТИВАР