Второлигашката македонска кошаркарска конкуренција викендов ги носи натпреварите од 16-тото коло.

Целото внимание ќе биде насочено кон натпреварот во Штип каде лидерот на табелата тимот на Соколи го пречекува составот на Маџари. Ова практично е дуел на двата најголеми конкуренти за прволигашки статус следната сезона. Воедно резултатот од овој натпревар е важен за поредокот на екипи пред стартот на разигрувањето односно плејофот. Потсетување дека првиот натпревар меѓу овие два тима го добија штипјани и тоа убедило со 15 поени разлика.

Исходот од дербито што ќе се игра попладнево од 18 часот, ќе го чека и екипата на Ангели која како и Маџари заостанува еден бод зад лидерот Соколи. Утре тимот од Драчево, гостува во Струмица кај ФМП.

Интересно ќе биде и на останатите натпревари, во борбата за позициите што водат во плејофот.

Натпреварите може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 16.КОЛО

Сабота – 1 март
15.00 ЦРН ДРИМ – БУТЕЛ
18.00 СОКОЛИ – МАЏАРИ
19.30 РАБОТНИЧКИ 2018 – МЕГА БАСКЕТ
Недела – 2 март
13.00 СТРУМИЦА ФМП – АНГЕЛИ
16.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ОХРИД
17.00 ВОДНО САНС – БОРЕЦ БАСКЕТ

ТАБЕЛА: Соколи 28 бодови, Ангели 27, Маџари 27, Борец баскет 24, Црн Дрим 24, МЗТ Скопје У.Б. 23, Бутел 22, Охрид 20, Мега баскет 20, Водно Санс 20, Струмица ФМП 18. Работнички 2018 17.