Во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите. Ни претстојат серија спектакуларни натпревари, а секако се издвојуваат дуелите на мадридските ривали, како и германските, односно пресметката на ПСЖ со Ливерпул.

Европскиот шампион Реал Мадрид во осминафиналето го очекува нов многу тежок тест и тоа со градскиот ривал Атлетико Мадрид. Двата тима заедно со Барселона се и во трка за шампионската титула во Ла Лига.

Сличлно ќе биде и на германската пресметка меѓу Баерн Минхен и Баерн Леверкузен, противници кои премногу добро се познаваат и кои атакуваат на титулата во Бундес лигата.

Голем интерес ќе привлечат и дуелите меѓу ПСЖ и Ливерпул, два клуба со високи амбиции. Ливерпул групната фаза како првопласиран со 7 победи и пораз во последното коло. Парижаните мораа да играат со Брест за осминафиналето и победија со многу импресивен вкупен резултат 10-0.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕТО

РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД
БАЕРН – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ
ФЕЕНОРД – ИНТЕР
БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА
ПСВ АЈНДХОВЕН – АРСЕНАЛ
КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЛИЛ

Првите натпревари од осминафиналето се играат на 4 и 5 март. Реванш дуелите на програмата се седум дена подоцна (12 и 13 март).