Во последните пет сезони во Лигата на Шампионите видовме дури четири судири меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Несомнено дека двете екипи поседуваат квалитет, па затоа по петти пат во шест сезони култниот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одлучи победникот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Сити ќе ја спасува сезоната во Мадрид!
Двете екипи сезонава неможат да кренат глава од повреди, па тоа сепак говори и повеќе за нивната форма. Реал Мадрид ја почна сезоната „млитаво”, но сепак дојде до некакви резултати, иако два пати загуби убедливо од својот најлут ривал Барселона.
Манчестер Сити пак сеуште размислува за „кобниот” ден кога против Арсенал го загуби Родри кој не само што ја освои „златната топка” туку и беше костурот на целиот тим на Манчестер Сити. Се разбира дека ако успеат да го поминат Реал Мадрид на својот стадион, тоа ќе биде доволен мотив за да ја продолжат сезоната во посакуваниот правец.
Ќе се повтори ли „голеадата“ од Манчестер!?
Претходниот натпревар заврши со резултат од 3:2 за Реал Мадрид иако вистинската слика не беше баш таква. Сити два пати водеше на натпреварот, но мораат да бидат благодарни бидејќи ѕвездите на Реал се изнапромашија.
Но тоа беше на „Етихад”, а сега не очекува „Сантијаго Бернабеу” терен кој е секогаш подготвен за фудбалски спектакл. Натпреварот е на програмата во 21 часот.
Во сенка на овој дуел се останатите три. Во нив ПСЖ и Борусија пред своите навивачи само треба да го потврдат пласманот во следната рунда. Двата тима натпреварите со Брест и Спортинг ќе ги почнат со предност од три голови.
Предност, но минимална од еден гол ќе имаат и фудбалерите на Јувентус на гостувањето во Ајндховен.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕ РЕВАНШ
среда 19 февруари
РЕАЛ М. – МАНЧЕСТЕР С. (3-2 прв натпревар)
ПСЖ – БРЕСТ (3-0)
ПСВ АЈНДХОВЕН – ЈУВЕНТУС (1-2)
БОРУСИЈА Д. – СПОРТИНГ Л. (3-0)