Македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре го чека многу важен натпревар. Дуелот против Динамо Букурешт е еден од решавачките за пелистерци за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите. 

Тренерот на битолчани Раул Алонсо смета дека пред своите навивачи Пелистер е кадарен да победи.

„Имавме тешки натпревари минатата недела. Сепак, оваа недела беше голем предизвик за нас.

 Динамо е одличен тим и има врвни ракометари на сите позиции и ги води одличен тренер како Давид Дејвис.

Сепак, играме дома и знаеме дека сме многу силен тим пред нашите гледачи. Тие се важни за нас, ни даваат нова енергија да одиграме добар натпревар.

Ќе биде тешко, но ние како екипа сакаме ваков тип на натпревар. Сите натпревари во Лигата на шампионите се важни, но енергијата и поддршката од нашите навивачи ни се нов адут да дојдеме до позитивен резултат. Ни треба посебна вечер за да бидеме успешни“, изјави Алонсо. 

Пелистер по единаесет натпревари со 6 бодови е на делба на шестото и седмото место на табелата со полскиот тим Висла Плоцк. Покрај утрешниот за битолчани остануваат уште дуелите со фаворитите ПСЖ и Фуксе Берлин.

Натпреварот Е.Пелистер – Динамо Букурешт што ќе се игра утре, ќе почне од 20.45 часот.