Актуелниот првак Реал Мадрид обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Во осминафиналната рунда Реал и по втор пат беше подобар од англискиот првак Манчестер Сити. Вечерва пред својата публика во Мадрид, Реал славеше со 3-1, а Килијан Мбапе беше стрелец на трите гола.

По одличното додавање на Асенсио, Французинот уште во четвртата минута, ја затресе мрежата на Сити. До вториот гол се чекаше половина час кога Мбабе со фантастичен соло потег втор пат го совлада Едерсон. Дека ова е вечера на Мбапе, Французинот потврди во 61.минута со третиот погодок, запечатувајќи ја судбината на Сити.

Почесниот гол за Сити го постигна Нико Гонзалес во судиското дополнение за конечни 3-1 за Реал.

И францускиот шампион ПСЖ лесно стигна меѓу шеснаесетте најдобри. Популарните „Светци“ два пати беа подобри од Брес. По гостинските 3-0, парижаните вечерва пред своите навивачи славеа со 7-0.

Последниот патник во осминафиналето ќе го дознаеме по дуелот во Ајдховен, каде ПСВ ја анулира негативата против Јувентус (1-2) па сега ќе се играат продолжение.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕ РЕВАНШ
БОРУСИЈА Д. – СПОРТИНГ Л. 0-0 (3-0)
РЕАЛ М. – МАНЧЕСТЕР С. 3-1 (3-2 прв натпревар)
ПСЖ – БРЕСТ 7-0 (3-0)
ПСВ АЈНДХОВЕН – ЈУВЕНТУС 2-1 се игра продолженија (1-2)