Екипата на Феенорд направи големо изненадување и го елиминира Милан од Лигата на шампионите. Реванш натпреварот од шеснаесетина-финалето одигран во Милано заврпи 1-1, па холандската екипа со вкупни 2-1 оди понатаму.
А, се започна фантастично за Милан. По само 39.секунди игра екс играчот на Феенорд, Сантијаго Хименез ми донесе водство на Милан.
Предноста од еден гол Милан ја имаше се до 73-тата минута. Во меѓувреме Тео Хернандез направи две групости по кои заработи жолти картони и беше исклучен во 51-вата минута.
Тоа тимот на Феенорд знаеше да го казни па со голот на Аргентинецот, Караза израмни на 1-1. Бадијала беа сите обиди Милан да се врати во игра и да избори продолжение.
Така Феенорд кој на овој натпревар настапи без повеќемина првотимци, заслужено се пласира во осминафиналето.
Таму пак вечерва ќе дознаеме уште три тима, откако од 21 часот ќе се играат реванш дуелите Минхен, Лисабон и Бергамо.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕ (РЕВАНШ)
МИЛАН – ФЕЕНОРД 1-1 (0-1 прв натпревар)
БАЕРН М. – СЕЛТИК од 21 часот (2-1)
БЕНФИКА – МОНАКО (1-0)
АТАЛАНТА – КЛУБ БРИЖ (1-2)