Кошаркарот на Орландо Меџик, Мек Мекланг, уште еднаш покажа дека нема рамен во забивањето на планетата. Тој испиша историја утрово во Сан Франциско, бидејќи трет пат во низа победи на натпреварот во забивање на НБА Ол-стар.
Ѕвездата на „Џи“ лигата приреди одлично шоу и доби совршени оценки на сите четири забивања.
МекКланг го направи првото забивање преку автомобил, а последното беше преку Иван Мобли, кој ја држеше топката зад главата.
Покрај МекКланг, во ова натпреварување само Нејт Робинсон победи три пати во 2006, 2009 и 2010 година.