Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Вардарки во финалниот натпревар на завршниот турнир во Гевгелија го совладаа тимот на Баскет Кам со 61-58.
Една добра четвртина (третата) не беше доволна кошаркарките од Македонска каменица да стигнат до четвртиот успех во ова натпреварување и да го одбранат трофејот.
Вардарки беа подобри во најголемиот дел од натпреварот и заслужено се радуваа на победата. Признанието МВП заслужено и припадна на Елена Тасевска која натпреварот го заврши со 22 поени, 9 скокови и една асистенција.
За Вардар ова е четврти трофеј во Купот на Македонија, прв по 2019 кога триумфираа исто така во Гевгелија.
На турнирот, останува да се одигра уште машкото финале во кое МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани титулата во дуелот со домаќинот Кожув.