Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по 13-ти пат се победници во Купот на Македонија.

Тие во финалето на завршниот турнир што се одржа во Гевгелија, го совладаа домашниот тим на Кожуф.

Уште од самиот старт аеродромци го најавија триумфот. Одиграа одлично во одбраната во првиот дел и го сведоа противникот само на 27 поени. На полувремето МЗТ замина со 15 предност (42-27).

Во третиот преод далеку подобра игра на Кожув, го доби периодот, но намали само поен од негативата (49-63). Во последната четвртина, МЗТ повторно заигра на ниво погоре од противникот, го доби периодот, а со тоа и мечот со конечни 86-61.

Признанието „МВП“ му припадна на Андреј Маслинко кој натпреварот го заврши со 17 поени и беше најефикасниот во победничкиот тим.

За МЗТ Скопје Аеродром ова е трет трофеј во низа, а четврти на последните пет финални турнири. Гевгеличани и по втор пат не успеаја да победат во финалето, откако пред 10 години загубија од Работнички.