Кошаркарските на Вардар ќе имаат можност да се борат за трофејот „Благоја Георгиевски – Буштур“’ во Купот на Македонија.

Ова откако вардарки во првиот полуфинален меч во женска конкуренција ја совладаа екипата на Крива паланка со 78-72.

Црвено-црните речиси цел натпревар имаа предност. Тие ги добија првите три четвртини, на екипата на Кива Паланка само последната.

Дури пет кошаркарки во победничката екипа натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени. Најефикасна беше Моника Зафировска со 19 поени, искусната Снежана Алексиќ заврши со 15 поени, седум скокови и четири асистенции. Илина Селциова имаше дабл-дабл со 14 поени и 10 скокови.

Сега вардарки ќе го чекаат исходот од дуелот меѓу бранителот на трофејот Баскет кам и екипата на Бадел.

По тој натпревар ќе согледуваат полуфиналните дуели во машка конкуренција.

КОШАРКАРСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Петок (14 февруари) – полуфинале

жени
ВАРДАР – КРИВА ПАЛАНКА 78-72
15.30 БАСКЕТ КАМ – БАДЕЛ
мажи
18.00 ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ A.
20.30 ГОСТИВАР – КОЖУВ
Сабота (15 февруари) – ФИНАЛЕ
жени 17.00 ВАРДАР – ______
мажи
19.30 ______ – ______