Синоќа се одиграа пет натпревари во НБА лигата, а сега следува паузата за „Ол Стар“ викендот. Два натпревари беа решени по продолженија, а тројца играчи постигнаа над 40 поени.
Продолженија се играа на дуелите во Њу Орлеанс и Солт Лејк Сити.
Екипата на Њу Орлеанс го доби тимот на Сакраменто со 140-133 во натпреварот во кој Си Џеј Мекалум постигна 43 поени за победникот.
Норман Паулел реализира 41 поен во триумфот на ЛА Клипес по дополнителни пет минути на гостувањето кај Јута со 120-116.
До бројката од 40 поени стигна и Тајлер Хиро, но тоа не беше доволно Мајами да избегне пораз. „Жешките“ загубија во Далас од Маверикс со 113-118.
Големо изненадувања приреди екипата на Минесота која славеше во дуелот со најдобрата екипа во лигата Оклахома Сити. Тимбервулс на „громовите“ им го нанесоа само 10-тиот пораз сезонава во 54 одиграни натпревари, совладувајќи ги со 116-110.
На последниот натпревар одигран во Хјустин победа забележа гостинскиот тим на Голден Стејст со 105-98.