33-тото издание на кошаркарскиот Куп на Македонија, започнува денеска, па се до сабота, а ќе се игра во Гевгелија.
Осумте најдобро рангирани екипи од првиот дел на прволигашката конкуренција, ќе се борат за трофејот „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Бранител е тимот на МЗТ Скопје Аеродром кој ќе атакува 13-тиот трофеј во ова натпреварување. Аеродромци на стартот, во четвртфиналето ќе го имаат вечниот ривал Работнички кој досега има 10 пехари, последниот во 20219-тата.
Нивниот меѓусебен дуел секако е дерби на првата елиминациска рунда која ќе ја отворат екипите на ТФТ и Гостивар. И двете екипи се на листата на освојувачи на Купот, Гостивар со два (2001, 2002) и ТФТ со еден трофеј (2022).
Битолски Пелистер кој лани пред своите симпатизери испушти голема шанса да стигне до првиот успех, во четвртфиналето игра против скопски Чаир.
Новајлијата во оваа конкуренција МКК Куманово предводен од поранешниот македонски селектор Марин Докузовски ќе се обиде да ја изненади конкуренцијата. Кумановци ќе имаат тежок предизвик во домаќинот Кожув кој сигурно ќе има голема поддршка од трибините.

За утре закажани се полуфиналните натпревари, како во машка така и во женска конкуренција во која бранител е екипата на Баскет кам.
Финалните дуели на програмата се во сабота, од 17 часот ќе играат дамите, а од 19.30 мажите.
Сите натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
КОШАРКАРСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Четврток (13 февруари) – четвртфинале мажи
13.00 ТФТ – ГОСТИВАР (1)
15.30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР (2)
18.00 МЗТ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (3)
20.30 МКК КУМАНОВО – КОЖУВ (4)
Петок (14 февруари) – полуфинале
жени
13.00 КРИВА ПАЛАНКА – ВАРДАР
15.30 БАСКЕТ КАМ – БАДЕЛ
мажи
18.00 Победник 2 – 3
20.30 Победник 1 – 4,
Сабота (15 февруари) – ФИНАЛЕ
жени 17.00
мажи 19.30