На задоволство на гевгеличани кошаркарите на Кожув се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија.
Ова откако тимот на Кожув во четвртфиналето, на турнирот што се одржува во Гевгелија, го совлада МКК Куманово со 81-69.
Освен во воведните три минути кога водеа кумановци, сето останато време Кожув беше екипата која го контролираше резултатот. Победата домашниот тим ја најави уште во првото полувреме кое го доби со 13 разлика (42-29).
По нецели пет минути игра во вториот дел Кожув веќе имаше 22 разлика (55-33). Тука веќе беше јасно дека избраниците на Марин Докузовски неможат да приредат изненадување како пред пет дена кога го добија првенствениот дуел со 30 разлика.
Тимот на Кожув во полуфиналето закажано за утре ќе игра против Гостивар кој беше подобар од ТФТ.
Кој пак ќе биде противник на Пелистер кој го совлада Чаир, ќе дознаеме по одигрувањето на последниот четвртфинален дуел. Во терминот од 20.30 часот ќе играат вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.