Сите 30 екипи беа во акција ноќeска во НБА лигата. Индивидуално вечерта ја одбележа тандемот на Денвер, Јокиќ-Мареј.

Тие беа најзаслужни за победата на Нагетс против со 132:121,. Џамајл Мареј постигна неверојатни 55 поени, рекорд во кариерата.

Никола Јокиќ натпреварот го заврши со со 26 поени, 15 скока и десет асистенции. Тоа беше 25-ти трипл-дабл за Србинот, со што стана третото играч, со Расел Вестбрук (4) и Оскар Робертсон (3), кој имал такво остварување три сезони.

Лука Дончич пак не се прослави во својот втор натпревар за Лејкерси.

Тимот од ЛА загуби на гостувањето кај Јута со 119-131. Словенецот постигна 16 поени, забележа четири скока и уфрли четири асистенции за 23 минути на паркетот. Лоша вечер имаше и  немаше ниту 
Леброн Џејмс, кој постигна 18 поени со седум асистенции и шест скока.

Два натпревари беа решени во продолженијата.

Индијана славеше на гостувањето кај Вашингтон со 130-134, додека Њујорк во најефикасниот натпревар со 149-148 ја победи Атланта.

Резултати на останатите натпревари:
ЛА Клиперс – Мемфис 128-114
Њу Орлеанс – Сакраменто 111-119
Денвер – Портланд 132-121
Далас – Голден Стејт 111-107
Хјустон – Феникс 119-111
Бруклин – Филаделфија 100-96
Торонто – Кливленд 108-131
Чикаго – Детроит 110-128
Минесота – Милвоки 101-103
Оклахома Сити – Мајами 115-101
Бостон – Сан Антонио 116-103
Орландо – Шарлот 102-86